• понеделник, 18 ноември 2024

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера

УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера
Порт о Пренс, 23 ноември 2022 (МИА) - На Хаити сè поголем број деца заболуваат од колера поради зголемената неухранетост, соопшти денеска УНИЦЕФ. Околу 40 отсто од случаите на заразени со колера во државата се деца. Притоа, девет од 10 случаи се пријавени во области каде владее гладот. - Сега ситуацијата е покомплицирана отколку порано, затоа што речиси половина од заболените од колера се помлади од 15 години и се борат за да преживеат, со оглед на сè поголемата неухранетост, изјави претставникот на организацијата Храна за гладни на Хаити, Боби Сендерс. Директорот на канцеларијата за итни операции на УНИЦЕФ, Мануел Фонтен посочи дека сите мора да бидат подготвени за најлошо сценарио. Според податоците од Министерството за здравство на Хаити, од почетокот на октомври, од колера починале повеќе од 200 лица, а уште 9.300 се хоспитализирани. Но, експерти веруваат дека бројот е многу поголем, затоа што луѓето се плашат да побараат помош од лекари. УНИЦЕФ и Владата на Хаити бараат најмалку 28 милиони долари за помош во исхраната, хидратацијата и грижата за 1,4 милиони луѓе погодени од кризата. бд/зш/

Остани поврзан