• понеделник, 23 декември 2024

УНИЦЕФ: Никој не е безбеден на југот на Газа, бомби паѓаат на секои 10 минути

УНИЦЕФ: Никој не е безбеден на југот на Газа, бомби паѓаат на секои 10 минути

 Газа, 4 декември 2023 (МИА) - Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, изјави дека никој не се чувствува безбеден во јужниот дел на Појасот Газа бидејќи бомбите паѓаат приближно на секои 10 минути и изрази сериозна загриженост поради израелската воена акција во областа на енклавата бидејќи Палестинците немаат каде да одат. 

Елдер истакна дека ужасот што се случи на северот на Газа сега се повторува и на југот од енклавата и дека бомбите паѓаат на секои 10 минути, иако Палестинците се евакуирани во областа од северот, бидејќи израелската армија дала гаранции дека таму ќе бидат безбедни, објави Би-Би-Си. 

Елдер додаде дека сега Палестинците во јужниот дел на Газа се изложени на постојана опасност, и тие се веќе исцрпени и уморни од неколкукратните раселувања. 

Елдер потенцираше дека ниту тој не се чувствува безбедно, а никој друг не може да се чувствува безбедно на југот на Појасот Газа бидејќи, ниту болниците, ниту засолништата не се безбедни места. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан