• понеделник, 25 ноември 2024

Унгарија ги блокира новите санкции на ЕУ против Русија, тврдат дипломатски извори за ДПА

Унгарија ги блокира новите санкции на ЕУ против Русија, тврдат дипломатски извори за ДПА
Брисел, 1 јуни 2022 (МИА) -  Унгарија повторно бара измени на новиот пакет санкции на ЕУ против Русија пред да стапи на сила. Тие овојпат бараат поглаварот на Руската православна црква, Кирил да биде отстранет од листата на санкции на ЕУ, велат дипломатски извори за ДПА. Со тоа барање Унгарија го блокира усвојувањето на шестиот пакет санкции, кој вклучува ембарго за увоз на руска нафта испорачана со бродови, откако беше постигнат политички договор на ниво на шефови на држави или влади. За да може договорот да стане закон, тој требаше да биде одобрен од амбасадорите или министрите на земјите-членки. Според дипломатски извори, во тек се консултации со Будимпешта за укинување на блокадата. зш/

Остани поврзан