• четврток, 04 декември 2025

Унгарецот Керкез во Ливерпул

Унгарецот Керкез во Ливерпул


Ливерпул, 26 јуни 2025 (МИА) – Унгарскиот дефанзивец Милош Керкез ги напушти редовите на Борнмут и од следната сезона ќе настапува за Ливерпул, објави денеска англискиот првак.
Дваесетиедногодишниот Унгарец потпиша долгорочен договор со Ливерпул. Сумата на трансферот не беше објавена, но според инсајдерот Фабрицио Романо, Ливерпул ќе плати 40 милиони евра.
Минатата сезона, Керкез одигра 41 натпревари во сите конкуренции и постигна два гола, а додаде и шест асистенции.
„Вистинска чест и привилегија за мене е да дојдам и да играм за еден од најголемите клубови во светот, најголемиот клуб во Англија. Навистина сум среќен и возбуден.“, изјави Керкез за официјалниот сајт на Ливерпул. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан