• вторник, 02 јули 2024

Уметничка вечер во Загреб со Томислав Османли

Уметничка вечер во Загреб со Томислав Османли

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Во Културно информативниот центар на Северна Македонија во Загреб денеска ќе се одржи уметничка вечер со Томислав Османли.

Македонскиот автор ќе биде претставен како писателдрамски автор и теоретичар на стрипот и  творец со четиридецениско присуство во македонската култура и уметност.

Кон повеќестраниот опус на Османли ќе се осврне Наталија Поповска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб, а за неговиот прозен и дел од драмскиот опус ќе говори режисерот и писател Матко Сршен, професор на Факултетот за драмски уметности во Загреб.

Медијатор на уметничката вечер ќе биде професорот Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература при Филозофскиот факултет во Загреб. свс/лв/

фото Томислав Османли

Остани поврзан