• понеделник, 23 декември 2024

Уметникот Цветин ќе им додели осмомартовски цртежи на мајките, новороденчињата, наставничките и на учениците

Уметникот Цветин ќе им додели осмомартовски цртежи на мајките, новороденчињата, наставничките и на учениците
Скопје, 8 март 2021 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, уметникот Живко Поповски-Цветин денеска во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе им подари свои цветни цртежи на мајките и бебињата новороденчиња.
Исто така, денеска и во Битола во основното училиште „Елпида Карамади" во рамките на пригодната програма со поезија, рецитации и музика, ќе им бидат подарени 80 цртежи од уметникот Цветин на децата, на наставничките и на женскиот дел од колегиумот, а две големи слики со негов потпис ќе бидат доделени на училиштето.
И во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Бистрица, околу 50 негови цртежи ќе им бидат доделени на децата и на наставниците.
Оваа таканаречена „Цветната штафета“ од утре продолжува и во училишта во скопската населба Бутел, но и понатаму низ земјава. бт/нд/

Остани поврзан