Ултраортодоксните Евреи, кои се противат на регрутирање, упаднаа во воена база во Израел
- Ултраортодоксните Евреи кои се противат на задолжителната воена служба во Израел, упаднаа денеска во воена база во близина на Тел Авив, соопшти армијата.
Ерусалим, 6 август 2024 (МИА) - Ултраортодоксните Евреи кои се противат на задолжителната воена служба во Израел, упаднаа денеска во воена база во близина на Тел Авив, соопшти армијата.
-Десетици демонстранти се обидоа да упаднат во базата Тел Хашомер за време на демонстрациите што се одржаа пред комплексот, седиштето на единицата за регрутирање на израелската армија, соопшти армијата.
Некои демонстранти, членови на радикални групи во рамките на ултраортодоксниот јудаизам, успеаја да влезат во базата пред полицијата да ги избрка, се додава во соопштението.
Војската го осуди „насилното однесување“ на демонстрантите и инсистираше дека тие мора да бидат „изведени пред лицето на правдата“. Оттаму додадоа дека регрутирањето на ултраортодоксни граѓани е неопходно и се врши согласно законот.
Во јуни Врховниот суд нареди регрутирање на учениците од училиштата во Талмуд, пресудувајќи дека владата нема право да продолжи да ги ослободува од воена служба „во отсуство на соодветна правна рамка“. мс/
фото: ЕПА