Укранските сили собориле 17 дрона упатени кон регионот на Одеса
- Ноќта на 9 мај, непријателот нападна од Чауд - Крим со 20 дронови, објави на апликацијата Телеграм командантот на воздухопловните сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.

Киев, 9 мај 2024 (МИА) - Ноќта на 9 мај, непријателот нападна од Чауд - Крим со 20 дронови, објави на апликацијата Телеграм командантот на воздухопловните сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.
Седумнаесет беспилотни летала беа соборени во регионот Одеса од единици на украинските воздухопловни сили, информира командантот. паг/
Фото: МИА архива