• недела, 22 декември 2024

Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост во областа Курск во Русија

Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост во областа Курск во Русија

Киев, 18 август 2024 (МИА) - Украинските воздухопловни сили уништиле уште еден мост во руската област Курск што се граничи со Украина, со цел да ги спречат воените операции на Москва во областа, пренесоа француските медиуми.

-Еден мост помалку. Воздухопловните сили продолжуваат да го лишуваат непријателот од неговите логистички способности благодарение на прецизните воздушни напади, рече началникот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, објавувајќи видео од нападот на Телеграм.

Таа ноќ, украинските сили ја нападнаа и фабриката Кавказ во руската област Ростов, каде што се складираа нафта и нафтени деривати за потребите на руската армија, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на соопштение на објавено на Фејсбук од украинскиот Генералштаб.

На местото избувнале најмалку два пожари. Се разјаснуваат детали за последиците од нападот.

-Операцијата ја извршија украинските разузнавачки сили, во соработка со вооружените сили, истакна Генералштабот, нагласувајќи дека „продолжуваат мерките за слабеење на воениот и економскиот потенцијал на Руската Федерација“.

Претходно денеска беше пријавен напад на украинско беспилотно летало во Ростовската област. мс/

фото: Принтскрин „Х“

Остани поврзан