• среда, 02 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украински функционер повика на евакуација на градот Покровск

Украински функционер повика на евакуација на градот Покровск

Киев, 19 октомври 2024 (МИА) - Висок функционер во украинскиот град Покровск во источниот регион Доњецк, кој стана главна цел во напредувањето на руските сили кон запад, денеска ги повика жителите да се евакуираат поради неможноста да ги обезбедат потребните јавни услуги, објавија локални медиуми. 

-Веќе е јасно дека нема да има греење во градот, изјави Серхи Добрак, шеф на воената управа на Покровск.

„Апелирам до жителите на градот: ако видите како поставуваат противтенковски огради наоколу, не одложувајте, спакувајте ги куферите и заминете. Ќе стане опасно“, изјави тој. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан