• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украински пилот на Ф-16 загина за време на борбена мисија

Украински пилот на Ф-16 загина за време на борбена мисија

Киев, 12 април 2025 (МИА) - При извршување борбена задача загинал Павло Иванов, 26-годишен воен пилот на украински борбен авион Ф-16, соопшти украинското воено воздухопловство.

„Украинските пилоти работат на граница на човечките и техничките можности, ризикувајќи го животот во секоја борбена мисија. Павло беше еден од нив“, се наведува во соопштението на украинското воено воздухопловство, што го пренесе агенцијата Укринформ.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, добил извештаи од војската за загинувањето на капетан Павло Иванов, а сите детали и околности поврзани со несреќата ги утврдува државна меѓуресорна комисија.

– Горд сум на нашите борци. Ќе одговориме силно и прецизно – изјави украинскиот претседател. ссм/

фото: украинско воено воздухопловство

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан