• недела, 19 мај 2024

Украинските воздухопловни сили собориле 17 руски дронови

Украинските воздухопловни сили собориле 17 руски дронови

Киев, 15 септември 2023 (МИА) - Украинската противвоздушна одбрана собори голем број беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Украинските воздухопловни сили објавија на Телеграм дека од југоисток биле лансирани вкупно 17 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство и дека сите се уништени.

Украина, како што денеска соопшти Генералштабот на вооружените сили, го ослободи селото Андријивка во областа Доњецк, кое се наоѓа јужно од Бахмут.

Веста за ослободувањето на селото вчера ја соопшти заменик-министерката за одбрана Хана Малиар, но украинската војска набрзо ја демантираше оваа информација. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан