• недела, 12 мај 2024

Украинските власти тврдат дека собориле околу 15 руски дронови кај Киев

Украинските власти тврдат дека собориле околу 15 руски дронови кај Киев

Киев, 3 август 2023 (МИА) - Украинската воздушна одбрана во текот на изминатата ноќ собори околу 15 беспилотни летала кои се движеа кон Киев, изјави утринава началникот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Украинските сили „открија и уништија околу 15 воздушни цели на приодот кон Киев“, изјави Попко на Телеграм, додавајќи дека станува збор за експлозивни дронови од типот „Шахид“.

„Според моментално достапните информации, нема жртви или штети во главниот град“, додаде тој.

Воздушниот напад, 820-ти по ред врз Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, траеше три часа, прецизираше Попко. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан