• понеделник, 23 декември 2024

Украинската воздушна одбрана тврди дека соборила руски проектил и 29 дронови

Украинската воздушна одбрана тврди дека соборила руски проектил и 29 дронови

Киев, 3 октомври 2023 (МИА) - Украинската команда за противвоздушна одбрана денеска соопшти дека нејзините сили собориле 29 беспилотни летала и проектил Искандер во воздушните напади во текот на ноќта на исток и југ, при што поминале само два дрона.

Беспилотните летала што поминале биле од ирански тип Шахед-136/131, се вели во соопштението. Нема информации за жртви.

Нападите беа во областа Дњепропетровск на исток, каде се оштетени две згради од ракетни остатоци и во регионот на Миколаев во близина на брегот на Црното Море на југ.

Украинските власти исто така известија за обновено гранатирање од руска артилерија.

Од руска страна, гувернерот на Брајанск, Александар Богомаз ги обвини украинските сили дека со касетна муниција го гранатирале селото Климово, кое се наоѓа преку северната граница на Украина. Оштетени се неколку домови, објави Богомаз на Телеграм. Нема информации за повредени.

Киев предвидува зголемување на воздушните напади насочени кон неговата енергетска инфраструктура за претстојната зима. Западните сојузници на Украина се обидуваат да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата како одговор. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан