• сабота, 24 август 2024

Украинската амбасада ќе го одбележи Денот на независноста на Украина

Украинската амбасада ќе го одбележи Денот на независноста на Украина

Скопје, 24 август 2024 (МИА) - Амбасадата на Република Украина денеска со пригодна свеченост близу споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје, ќе го одбележи 24 Август - Денот на независноста на државата.

Како што соопштуваат од Амбасадата, предвидена е симболична поворка со знамето на Украина до Украинската алеја, по што ќе се обратат вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Северна Македонија и претставникот на Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“.

Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата со цртежи изработени од деца од регионот Никопол, кој беше цел на руската агресија. вг/лв

Фото:  Украинска амбасада

Остани поврзан