• сабота, 23 ноември 2024

Украинец го следи движењето на руски војници преку украдени слушалки

Украинец го следи движењето на руски војници преку украдени слушалки
Киев, 19 април 2022 (МИА) - Украинец успеал да го следи движењето на руски војници преку слушалки на „Епл“ што Русите ги украле од неговиот дом, објави „Тајмс“. Слушалките на Виталиј Семенец биле безжични, а биле украдени од неговиот дом во Гостомел, близу Киев, на почетокот на инвазијата, кога руските сили се обидувале да го заземат главниот град. Тој ја користел функцијата „Find my“, достапна во производите на „Епл“, за да го следи движењето на неговите украдени слушалки преку технологијата „Блутут“. Слушалките така, „покажаа“ дека кога руските војници се повлекле од Киев, тие ја напуштиле Украина и се задржале во Белорусија, близу градот Гомел. Минатата недела, крадецот на слушалки бил во Белгород, Русија, каде што на руските сили им е наредено да се мобилизираат за напад на Донбас. си/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан