• недела, 22 декември 2024

Украина ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на спонзори на војната

Украина ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на спонзори на војната

Киев, 2 октомври 2023 (МИА) – Украина ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на „меѓународни воени спонзори“, односно компании обвинети за финансиска поддршка на руската инвазија, соопшти денеска Украинската Национална агенција за спречување на корупцијата.

- Во дискусиите што траеја по 24 часа дневно во последните неколку дена, со учество на Службата за надворешни работи на ЕУ, ОТП банка презеде голем број обврски во однос на нејзините идни планови за рускиот пазар, наведе агенцијата како објаснување за својата одлука.

Банката беше додадена на листата во мај, бидејќи продолжи да работи во Русија.

Таа беше отстранета од списокот на 29 септември, а Киев се надеваше дека одлуката ќе доведе до тоа Унгарија да деблокира 500 милиони евра воена помош од ЕУ.

Сепак, Будимпешта соопшти дека оваа одлука не укажува на некои значајни промени. јт/

Фото: ОТО банка

Остани поврзан