• петок, 22 ноември 2024

Украина: Сомневање дека Порошенко издал илегална уредба во 2018.

Украина: Сомневање дека Порошенко издал илегална уредба во 2018.
Киев, 10 јуни 2020 (МИА) - Украинското државно биро за истраги соопшти денеска дека се сомнева дека поранешниот претседател Петро Порошенко во 2018 година донел незаконска уредба што се однесува на неговите работи со странска разузнавачка служба. Порошенко, кој стана пратеник откако ги загуби минатогодишните претседателски избори, рече дека случајот  е во врска со назначување заменик началник на странска разузнавачка служба и обвинението го оцени како политички мотивирано. Бирото соопшти дека постои сомневање дека поранешниот претседател издал јасен кривичен налог кога убедил еден службеник да ги надмине своите овластувања и да се приведе еден осомничен во предистражна постапка. Во тек е истрага за повеќе од 10 различни случаи за кои постои сомневање за вмешаност на Порошенко. Сепак, тој ги негира сите обвинувања, потенцирајќи дека тие се дел од политичката кампања против него. „Ова што се случува сега нема никаква врска со владеењето на правото, демократијата или истрагата за криминал“, напиша Порошенко на својот профил на Фејсбук, додавајќи дека тоа се двојни стандарди, кривично гонење на опозицијата и обвиненија против лидерот на опозицијата. паг/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан