• вторник, 26 ноември 2024

Украдени ракавиците на Ѕоф со кои бранеше на СП 1982

Украдени ракавиците на Ѕоф со кои бранеше на СП 1982

Рим, 2 февруари 2023 (МИА) - Неидентификувани лица ги украле ракавиците на поранешниот голман на италијанската фудбалска репрезентација Дино Ѕоф, со кои го чуваше голот на Светското првенство во 1982 и стигна до шампионскиот трофеј.

Како што објави „газета дело спорт“ ракавиците беа изложени на хуманитарна вечер во Рим посветена на 100-годишнината од италијанската репрезентација.

Ѕоф на 40-годишна возраст беше капитен на националниот тим на Светското првенство во Шпанија во 1982 година. Италија во финалето на тој мундијал ја победи Западна Германија со 3:1.

Ѕоф беше прогласен за најдобар голман на турнирот. зс/

Остани поврзан