Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар - Стража
- Од 17:50 часот се укинува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Стража, соопшти АМСМ.

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Од 17:50 часот се укинува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Стража, соопшти АМСМ.
ЈП „Македонијапат“ и АМСМ претходно информираа дека од 14:10 часот имаше забрана за сообраќај за тешки товарни возила на овој пат од превентивни причини. мд/сст/
Фото: МИА архива