УЕФА ја образложи одлуката на штета на елиминираната Данска
- Фудбалерите и стручниот штаб на данската репрезентација со крената глава го издржаа испаѓањето од европското фудбалско првенство, иако Германија поведе со гол од пенал, за чија оправданост на големо се зборува.
Дортмунд, 30 јуни 2024 (МИА) - Фудбалерите и стручниот штаб на данската репрезентација со крената глава го издржаа испаѓањето од европското фудбалско првенство, иако Германија поведе со гол од пенал, за чија оправданост на големо се зборува.
Многу гледачи не го видоа недозволеното играње со рака на Јоаким Андерсен ниту на забавената ТВ снимка, како што предвидуваат правилата во вакви ситуации во казнениот простор.
Самиот дански фудбалер тврди дека не е виновен за пеналот, бидејќи топката од непосредна близина го удрила во прстите, т.е. во позиција во која не можел да го извади тој дел од тупаницата, додека судиите од ВАР собата мислеа поинаку.
-За време на натпреварот помеѓу Германија и Данска, технологијата која се наоѓа во официјалната ЕВРО топка покажа дека данскиот дефанзивец Јоаким Андерсен ја допрел топката со рака во казнениот простор. Во тој момент сензорот во топката прецизно го забележа контактот на раката на играчот со површината на топката, велат од УЕФА.
Судијата при проверката на ситуацијата на теренот покажува дека моментот на контакт помеѓу топката и раката траел точно 500-ти дел од секунда, се додава во објаснувањето на Европската фудбалска федерација.
Главниот судија на натпреварот Мајкл Оливер првично не досуди најстрога казна, но по интервенцијата на колегите надвор од теренот им даде втора шанса на Германците, а Каи Хаверц го претвори водството на домаќинот на турнирот во 53. минута.
На тој начин ја одведе својата репрезентација до четвртфиналето, каде ги чека Шпанија или Грузија, додека Данска заврши со настап на најголемото континентално натпреварување. дс
Фото: Принтскрин