• петок, 20 декември 2024

УЕФА го одреди Белфаст за домаќин на Суперкупот

УЕФА го одреди Белфаст за домаќин на Суперкупот
Нион, 3 јуни 2021 (МИА) - Финалето на европскиот Суперкуп меѓу екипите на Челзи и Виљареал ќе се игра во Белфаст на 11 август, објави попладнево Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на својот официјален сајт. Првично беше најавено дека организацијата ќе биде доделена на Истанбул како компензација за преместувањето на финалето на Лигата на шампиони од турскиот град во Порто поради состојбата со коронавирусот во Турција. Сепак, УЕФА остана на одлуката натпреварот меѓу победникот во ЛШ, Челзи, и освојувачот на Лига Европа, Виљареал, да се игра во Северна Ирска, на стадионот „Виндзор Парк“ во Белфаст.  ег/ми/

Остани поврзан