• петок, 22 ноември 2024

УЕФА ги одложи финалните натпревари во ЛШ и во ЛЕ

УЕФА ги одложи финалните натпревари во ЛШ и во ЛЕ
Нион, 23 март 2020 (МИА) - Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) реши да ги одложи финалните натпревари во Лигата на шампиони и во Лига Европа поради пандемијата на коронавирус.
Натпреварот за титулата во ЛШ беше планиран на 30 мај во Истанбул, а за трофејот во ЛЕ на 27 мај во Гдањск. Новите датуми ќе бидат познати дополнително.
„Сè уште нема одлука за новите датуми. Работната група што ја формиравме во минатата недела ќе ги анализира можните опции. Веќе почна со разгледување на календарот и одлучи да бидат донесени во најскоро време“, соопшти УЕФА која пред неколку дена го одложи и Европското првенство за наредната година. сѓд/сд/

Остани поврзан