• понеделник, 25 ноември 2024

Удинезе го победи Јувентус за прв пат по 10 години

Удинезе го победи Јувентус за прв пат по 10 години
Удине, 23 јули 2020 (МИА) - Фудбалерите на Јувентус загубија на гости од Удинезе со резултат 2:1 (0:1), во дуел 35-тото коло од Серија „А“, пропуштајќи ја првата можност да ја освојат деветтата последователна титула. На „црно-белите“ од Торино им требаше победа во Удине за да го освојат Скудетото, но го доживеаја и петтиот пораз во лигата. Јувентус поведе во 42-та минута со гол на Матеас де Лихт, а Илија Несторовски изедначи во 52-та минута. Победата за Удинезе ја донесе Секо Фофана со гол во втората минута од продолжението. „Стара дама“ е прва на табелата со 80 бода, шест повеќе од второпласираната Аталанта и седум повеќе од Интер на третото место. За титулата им треба една победа во последните три кола. Удинезе ја оствари својата прва победа против Јувентус на домашен терен во Серија „А“ по 10 години. Тимот од „Фриули“ сега има 10-та победа во лигата и се искачи на 15-то место на табелата со 39 бода, седум повеќе од зоната за испаѓање.

Тагови

Остани поврзан