• недела, 28 јули 2024

Угина најстариот бел носорог во светот

Угина најстариот бел носорог во светот
Верона, 13 октомври 2021 (МИА) - Најстариот бел носорог во светот угина на 54 години, во својата Зоолошка градина „Парко натура вива“ близу Верона, северна Италија. - Ноно Тоби угина на 6 октомври. Тој се струполил одејќи кон своето ноќно засолниште, и по околу половина час неговото срце застана, изјави Елиса Ливија Пенакиони, претставничка на Зоолошката градина. Тоби ќе биде балсамиран и изложен во Музејот за природни науки во Трентo, каде ќе му се придружи на бел лав од Зоолошката, кој угинал пред пет години. - Белите носорози обично живеат до 40 години во кафез и до 30 години во дивината, вели Пенакиони. Смртта на Тоби, по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012 година, ја остава „Парко натура вива“ само со еден бел носорог - Бено, кој има 39 години. Инаку, се работи за исклучително редок вид носорози.  си/ми/

Остани поврзан