• понеделник, 23 декември 2024

Увозните цени за кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 71,4 отсто

Увозните цени за кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 71,4 отсто
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Државниот завод за статистика соопшти дека во септември 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, но се повисоки за 71,4 проценти на годишно ниво. Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. - Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори, наведува Државниот завод за статистика. мч/са/  

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан