• понеделник, 25 ноември 2024

Уапсен мажот што се закануваше со бомба пред Капитол Хил

Уапсен мажот што се закануваше со бомба пред Капитол Хил
Вашингтон, 19 август 2021 (МИА) - По петчасовна операција на преговарање полицијата денеска го уапси мажот кој тврдеше дека има бомба во неговиот пикап, паркиран во близина на Капитол Хил, а поради што евакуирани беа околните згради и блокиран беше центарот на Вашингтон. -Излезе и го фативме. Имаме еден уапсен, соопшти полицијата. Шефот на локалната полиција Ј. Томас Магнер изјави дека човекот претпладнето, околу 9,25 часот, го паркирал своето возило пред библиотеката на Конгресот и на полицаецот кој му пришол му кажал дека има бомба, држејќи уред што личи на детонатор. Безбедносните сили се уште не го знаат мотивот на човекот за овој чин, а полицијата се уште го пребарува возилото. Вработените, вклучувајќи ги и оние од Конгресот, беа евакуирани поради заканата за бомба. Парламентот неделава немаше закажана седница поради летниот одмор, но имаше вработени во него, како асистентите на конгресмените. Зградата на Републиканската партија, неколку стотини метри подалеку, исто така беше евакуирана, изјави новинар на Вашингтон пост, повикувајќи се на анонимен извор. Целиот регион околу Капитол Хил е под строги безбедносни мерки од крвавиот упад на поддржувачите на Доналд Трамп на 6 јануари.сд/

Остани поврзан