Уапсени осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти по повод Денот на албанското знаме (ДПЛ)
- Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик којшто се однесува на „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ за што е предвидена казна затвор од минимум една година. Тошковски рече дека сите се млади лица на возраст од 18 до 21 година, а еден од нив е малолетник.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.