• понеделник, 23 декември 2024

Уапсени две лица за несреќата со најмалку 22 загинати мигранти кај Евија

Уапсени две лица за несреќата со најмалку 22 загинати мигранти кај Евија
Атина, 3 ноември 2022 (МИА) – Уапсени се двајца странски државјани, едниот капетан, другиот негов помошник на едрилицата со мигранти што во вторникот потона во близина на грчкиот остров Евија, а животот го загубија најмалку 22 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, пристанишната капетанија во Каристос на Евија, која ја спроведува прелиминарната истрага и Дирекцијата за безбедност и заштита на морските граници ги идентификувале и уапсиле двајцата странци, од кои едниот бил капетан на едрилицата, а вториот негов помошник и се товарат за криминална организација и предизвикување бродолом. Како што утрово објави МИА, во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција досега се пронајдени безживотните тела на 11 мажи, шест жени и пет деца, односно на вкупно 22 лица, а спасени се 12 мажи. Според тврдењата на спасените на едрилицата имало 68 мигранти, што значи дека 34 лица сè уште се исчезнати. ср/

Остани поврзан