• недела, 19 мај 2024

Уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп

Уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп
Скопје, 11 април 2021 (МИА) - Во полициска акција на патарината кај Сопот попладнево се уапсени двајца дилери на хероин од Прилеп. Како што информираат за МИА од МВР, повеќе детали ќе бидат соопштени утре. -Денеска во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај Сопот, полициски службеници приведоа две лица, кај кои е пронајден хероин, информираат од МВР. мд/мч/

Остани поврзан