Тухел позитивен на коронавирус
- ренерот на премиерлигашот Челзи, Томас Тухел, е позитивен на Ковид-19, објави попладнево лондонскиот клуб само неколку часови пред денешниот дуел во рамки на 4. коло од ФА купот против Плимут

Лондон, 5 февруари 2022 (МИА) – Тренерот на премиерлигашот Челзи, Томас Тухел, е позитивен на Ковид-19, објави попладнево лондонскиот клуб само неколку часови пред денешниот дуел во рамки на 4. коло од ФА купот против Плимут.
Тухел ќе биде во изолација, а клубот наведе дека германскиот стратег, најверојатно, ќе и се приклучи на екипата во Абу Даби идната недела на светското клупско првенство.
Актуелниот европски шампион во полуфиналето на светското клупско првенство, в среда, на стадионот „Мохамад Бин Зајед“ во Абу Даби ќе игра против победникот од дуелот меѓу Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати и првак на азиската Лига на шампиони Ал Хилал.
Финалето е на распоредот на 12 февруари. ег/паг/