• петок, 20 декември 2024

Тухел не знае дали Кејн ќе остане капитен на Англија

Тухел не знае дали Кејн ќе остане капитен на Англија

Лондон, 17 октомври 2024 (МИА) – Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, одговори на прашањето дали напаѓачот Хари Кејн ќе остане капитен на националниот тим под негово водство.

- Сите знаат како се чувствувам за Хари. Морав да работам напорно за да го доведам во Баерн. Тој веќе е на пат да стане легенда. Што се однесува до капитенската лента во англиската репрезентација, рано е да се носат такви одлуки. Сакам да му оддадам почит на Ли Карсли и да не му се мешам во работата, изјави Тухел за „Goal“.

Вчера Фудбалската асоцијација на Англија го објави назначувањето на Тухел за селектор на националниот тим. Германскиот стручњак ќе ги преземе своите обврски на 1 јануари 2025 година.

Последната работа на Тухел беше Баерн Минхен, кој го водеше од март 2023 до јуни 2024 година. Од јануари 2021 година до септември 2022 година, Германецот беше тренер на Челзи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан