• сабота, 23 ноември 2024

Туск: Полска смета на подготвеноста на Франција да ги стави на располагање своите нуклеарни капацитети за заедничка европска безбедност

Туск: Полска смета на подготвеноста на Франција да ги стави на располагање своите нуклеарни  капацитети за заедничка европска безбедност

Варшава, 13 февруари 2024 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск најави дека неговата земја сериозно смета на подготвеноста на Франција да ги стави на располагање своите нуклеарни воени капацитети за заедничка европска безбедност.

Тој вчера ги посети Париз и Берлин по што предупреди дека руската нуклеарна закана не е апстрактна, бидејќи и Варшава и Берлин се во дострелот на руските ракети Искендер.

„Ги сфаќам многу сериозно зборовите на претседателот (Емануел) Макрон дека Франција е подготвена во рамките на своите можности да го искористи својот нуклеарен потенцијал за да стане дел од целокупната европска безбедност. Тие сигнали доаѓаат веќе некое време и треба да им се пристапи многу сериозно“, рекол Туск за време на разговорот со францускиот претседател, пренесоа денеска полските медиуми.

 „Тоа се 100 нуклеарни боеви глави, можеби и повеќе. Поради некоја причина тие се модернизирани, а во последно време ги има повеќе во областа Калининград“, рече Туск.

Полскиот министер за одбрана и вицепремиер Владислав Кошњак-Камис денеска изјави дека нуклеарното оружје е многу сериозна работа за која не може да одлучува само една земја.

„Со темата на овој тип оружје не може да се занимава исклучиво една земја, тоа е секогаш сојузничка одлука, тоа мора да биде потврдено од сите сојузнички земји. Тоа е многу чувствителна, многу сериозна тема“, изјави полскиот министер за одбрана за ТВ Полсат. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан