• четврток, 21 ноември 2024

Турција и Португалија главни претенденти за замена на руското Гран при во Формула 1

Турција и Португалија главни претенденти за замена на руското Гран при во Формула 1
Лондон, 23 март 2022 (МИА) – Познати се главните претенденти за добивање на трката во Формула 1 која требаше да се вози во Сочи, Русија. Според новинарот Серхио Родригез, патеката „Портимао“ во Португалија, како и патеката „Истанбул Парк“ во Турција, се најверојатните места за замена на откажаната етапа. Да потсетиме, Формула 1 објави раскин на договорот за „Гран при на Русија“ на почетокот на март. Така, руската сцена, исклучена од календарот на сезоната 2022, нема да се врати на Светското првенство во 2023 година и понатаму. Во 2022 година, Големата награда на Русија требаше да се одржи за последен пат во „Сочи Автодром“ пред да се пресели на новата патека „Игора Драјв“ во Ленинградската област. зс/

Остани поврзан