• четврток, 04 декември 2025

Турската ТИКА додели механизација на земјоделци од турска националност во Општина Василево

Турската ТИКА додели механизација на земјоделци од турска националност во Општина Василево

Василево, 5 мај 2025 (МИА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) викендов во населеното место Василево им додели земјоделска механизација на земјоделци од турска националност кои живеат во населените места на поширокиот регион, информираа денеска од Општина Василево.

На настанот присуствувале амбасадорот на Турција во државата, Фатих Улосој, заменик претседателот на ТИКА, Махмут Чевик, претседателот на МАТУСИТЕБ (Сојуз на турските невладини организации во Македонија) Тахсин Ибрахим и претседатели на турските партии во Р епублика Македонија.

Градоначалникот на Василево, Славе Андонов, поздравувајќи го овој чин нагласил дека заедно со субвенциите од Владата и оваа директна помош од ТИКА, во голема мера ќе им се помогне на земјоделците во процесот на производство.

-Навистина заслужуваше Општина Василево да биде домаќин на оваа манифестација каде што ќе бидат поделени грантови од страна на ТИКА во земјоделска механизација и пластеници. Во таа насока, денес преку ТИКА, на одреден број земјоделци, беше доделена директна помош со што ќе се овозможи развој на производството на раноградинарски култури. Заедно со субвенциите од Владата на Република Македонија и оваа директна помош од ТИКА, во голема мера ќе се помогне на земјоделците во процесот на производство, се наведува во пренесената изјава на Андонов.

Градоначалникот на Општина Василево изразиl надеж дека и во иднина ќе продолжи соработката и дека ќе бидат реализирани уште многу проекти. рт/цр

Фото: Општина Василево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан