Турнирот во Дубаи без Осака и Крејчикова
- Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 3.211.715 доалри
![Турнирот во Дубаи без Осака и Крејчикова](https://mia.mk/images/20240216113840_big_730x400_47.webp )
Дубаи, 16 февруари 2024 (МИА) – Четирикратната грен – слем шампионка, Јапонката Наоми Осака и чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го откажаа денеска настапот на турнирот во Дубаи.
Осака претходно оваа недела дојде до четвртфиналето во Доха, а ќе го пропушти турнирот во Дубаи за подобро да се подготви за претстојните два американски турнири во Индијан Велс и Мајами.
Крејчикова, пак, нема да се појави на турнирот во Дубаи поради повреда на грбот.
Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 3.211.715 доалри. ег ФОТО: Икс