• недела, 22 декември 2024

Туристичкиот сојуз на Црна Гора ја претстави летната понуда пред македонската јавност

Туристичкиот сојуз на Црна Гора ја претстави летната понуда пред македонската јавност
Скопје, 8 мај 2022  (МИА) - Туристичкиот сојуз на Црна Гора денеска во Скопје ја претстави летната понуда на Црна Гора за претстојното лето. Претставници на повеќе градови од земјата ги споделија плановите за летото и ја поканија македонската јавност да ги помине летните месеци во некои од туристичките локалитети во Црна Гора. Пред скопјани се претставија  претставници на туристички организации на градовите Будва, Тиват, Улцињ, Бар, Подгорица, Цетиње, како и Националната туристичка организација. Тие најавија дека нивните градови се подготвени за туристичката сезона и очекуваат исполнување на сместувачките капацитети на повеќето локации. Уште едно лето како Република Црна Гора ги отвора границите за туристите од околните земји, кои учествуваат со повеќе од 35 отсто од вкупниот број посетители на годишно ниво. Особено во фокус беше Општина Будва и нејзината традиционално богата летна туристичка понуда, која секоја наредна година нуди повеќе од обичен престој покрај море. И оваа година карневалите, музичките настапи на познати изведувачи, театарските претстави на отворено и останатите забавни активности ќе ја збогатат понудата на Будва, чии пространи песочни плажи се очекува да бидат повторно полни ова лето. -Како и секое лето, Будва со традиционалното добредојде полно со љубов сака да ги пречека сите гости од регионот, токму оние кои ние ги гледаме како многу повеќе од гости и кои низ текот на изминатите години и децении се заљубија во нашиот прекрасен брег. Гостите кои добро не познаваат и кои добро ги познаваме. Во име на нашата Туристичка организација, но и во името на целата земја, ја покануваме македонската јавност да помине уште едно лето во Црна Гора и да ги искуси сите летни атракции кои ги подготвуваме. Црна Гора и Будва ве очекуваат, изјави Тијана Котарац, претставник на Туристичката организација на Општина Будва.вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан