• вторник, 24 декември 2024

Туристичката населба Беровско Езеро ќе добие улично осветлување

Туристичката населба Беровско Езеро ќе добие улично осветлување
Берово, 12 октомври 2022 (МИА) - Во тек се активности за поставување столбови со енергетски ефикасни лед светилки со цел туристичката населба Беровско Eзеро да добие улично осветлување. Проектот, како што информираа од Општината, ќе се реализира преку Бирото за регионален развој. За реализација на проектот обезбедени се средства во износ од 2,9 милиони денари. Увид во теренските активности денескa изврши градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој со реализацијата на проектот очекува проблемот со улично осветлување во туристичката населба конечно да биде решен. -Целта на проектот е да се создадат услови за динамичен и одржлив развој и подобрување на туристичката понуда во регионот, за привлекување на поголем број туристи и инвеститори, намалување на невработеноста и зголемување на економската активност на локалното население, рече Пекевски. Проектот се реализира преку Министерството за локална самоуправа, во областа за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалата компонента. Со реализацијата на овој проект, од Општината најавија дека ќе продолжат со посветена работа за развој на туризмот, како стратешка определба на општина Берово. - Во таа насока обезбедуваме пристап и нови содржини за рекреативни активности и отвараме нови перспективи за развој на туризмот, овозможувајќи дополнителни рекреативни активности и во вечерните часови, додадоа од Општината. вс/цр

Остани поврзан