• петок, 22 ноември 2024

Тупанчески на конференција по повод Европскиот ден на правдата

Тупанчески на конференција по повод Европскиот ден на правдата
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - По повод Европскиот ден на правдата - 25 Октомври, министерот за правда Никола Тупанчески денеска ќе се обрати на Конференцијата за одбележување на две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош, која ќе се одржи во Скопје. Како што соопштија од Министерството за правда, Европскиот ден на правдата во државава ќе биде одбележен и со отворени денови во судовите, средби  со адвокатите, нотарите, извршителите, медијаторите, каде граѓаните одблиску ќе имаат можност да се информираат и да добијат совети. Освен на министерот Тупанчески, на конференцијата меѓу другото најавено е и обраќање на Кристоф Поарел, директор на Директоратот за човекови права во Совет на Европа, Мари-Маделеин Канелопулоу, раководителка на оперативно работење во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора, Аркин Јахији, државен советник во Министерство за правда и Ирена Цуцулоска Јакимовска, виша раководителка во Програмската канцеларија на СнЕ во Скопје. бт/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан