• понеделник, 03 март 2025

Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно

Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно

Лондон, 2 март 2025 (МИА) – Важно е Канада да е тука со нашите сојузници додека разговараме за одбраната на Украина. Секој има важна улога во овој заеднички напор, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, по Самитот за Украина во Лондон.

Тој, на прашањето за улогата на Канада во најавената коалиција за одбрана на Украина, истакна дека неговата земја „од самиот почеток е помеѓу најсилните поддржувачи на Украина“.

Трудо потсети дека повеќе од десет години ги обучува украинските одбранбени сили.

- Канада ќе продолжи да игра значајна улога. Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно, посочи Трудо.

Тој истакна дека Украина не ја брани само својата територија, туку ги брани самите принципи и вредности, кои се основа на нашите демократии“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан