• недела, 19 мај 2024

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар
Тетово, 1 август 2022 (МИА) - Три лица се повредени во сообраќајна незгода, што се случи вечерва околу 20 часот и 45 минути на автопатот Тетово - Гостивар, поради што до 21 часот и 10 минути движењето на возилата на овој патен правец беше во прекин. Сообраќајката се случила кај клучката за село Камењане во Општина Боговиње. - Вечерва во 20 и 45 минути, во СВР - Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Гостивар - Тетово, во близина на клучката за тетовско Камењане, а во која учествувале две патнички моторни возила од кои едното со странски регистарски ознаки. Три лица, првично, се здобиле со повреди и пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи. По сообраќајката започна да се врши увид, а сообраќајот се одвива забавено. ас/сп/ Фото: МИА архива

Остани поврзан