• петок, 05 декември 2025

Тројца македонски диџеи дел од второто издание на „Меѓународен Електронски Фестивал"

Тројца македонски диџеи дел од второто издание на „Меѓународен Електронски Фестивал

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - На летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк утре ќе се одржи второто издание на „Меѓународен Електронски Фестивал", во организација на „Универзална сала".

Фестивалот го става фокусот на квалитетниот електронски звук и клупска атмосфера под отворено небо. Како што е најавено, фестивалската програма вклучува тројца македонски диџеи кои се дел од македонската електронска сцена - Мако, Мартина Пенева и Дина.

Гостин на фестивалот е италијанскиот диџеј Ness, чиј настап е поддржан од страна на Италијанската Амбасада во Скопје во знак на културна соработка и поддршка на современите музички движења. Ness е интернационално признат музичар и диџеј кој настапува во Европа и ширум светот, познат по својата техно продукција и иновативен пристап во електронскиот звук.

Како што соопштија организаторите, целта на фестивалот е да создаде простор за размена, музичко поврзување и промоција на современите текови во електронската музика, обединувајќи домашни и странски диџеи и музичари, и отвори нови можности за соработка и културен дијалог. бт/бак/

Фото: плакат

Остани поврзан