• петок, 22 ноември 2024

Од огромна важност е вклученоста на жената во креирањето на политики за адаптација на климатските промени

Од огромна важност е вклученоста на жената во креирањето на политики за адаптација на климатските промени

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска организираше тркалезна маса за важноста на учеството на жените во креирањето на политики насочени кон адаптација на климатските промени. На настанот учествуваа претставнички на неколку граѓански организации, министерства, како и претставнички на неколку скопски општини.

Учесничките дискутираа за предизвиците со кои се соочува жената со климатските промени, нејзиното учество во адаптацијата на климатските промени, како и за градењето на политики за подобро вклучување на жената.

Програмската директорка на Новинари за човекови права, Наташа Дуковска вели дека од огромна важност е влијанието на климатските промени врз човекот, а учеството на жените во креирањето на политиките за адаптација на климатските промени, е клучно доколку сакаме да изградиме подобар свет за идните генерации. 

Заложбата на Националниот совет за родова рамноправност е излегување во пресрет на жените и претставува национална, мултиетничка, мултигенерациска, креативна мрежа ориентирана кон иднината и посветена на постигнување родова еднаквост, развој, заштита на женските човекови права и мир.

Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Со поддршката обезбедена од ЕУ, НСРР се стреми кон вклученост и активно учество на жените во процесите на прилагодување кон климатските промени. ра/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан