• петок, 05 декември 2025

Тркалезна маса: „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“ 

Тркалезна маса: „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“ 
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Тркалезна маса на тема „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“) на која ќе учествуваат претставници од организации поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, посветена на културната соработка со земјите од Западен Балкан. На настанот ќе учествуваат министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир. Тркалезната маса е дел од тридневната програма на Министерството за култура за организирање промотивни настани на тема „Креативна Европа дома“, посветени на искуствата во спроведувањето на оваа програма на Европската Унија, како и на нејзината рефлексија на национално и на регионално ниво. Настаните беа организирани од Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма Култура во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Канцеларијата на Креативна Европа – Култура на Србија, корисниците на потпрограмата Култура во периодот од 2014 до 2020 година и други партнери. хс/сп/

Остани поврзан