Три од три за Алкалоид во ракометната Суперлигата
- Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид попладнево убедливо го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 42:29 и остана со максимален учинок по три одиграни натпревари сезонава во А-групата од Суперлигата.

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид попладнево убедливо го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 42:29 и остана со максимален учинок по три одиграни натпревари сезонава во А-групата од Суперлигата.
Репрезентативците Марко Митев и Иван Џонов со по седум гола беа најефикасни во победничкиот тим.
Битолчани го претрпеа вториот пораз по три одиграни кола.
Вчера Охрид забележа гостинска победа над Куманово со 35:20.
Од оваа група денес играат и:
Скопје – Аеродром и
Тиквеш – Струга. зс/