• петок, 05 декември 2025

Три НБА екипи го посакуваа Леброн Џејмс во последната сезона

Три НБА екипи го посакуваа Леброн Џејмс во последната сезона

Лос Анџелес, 9.август 2025 (МИА) - НБА ѕвездата Леброн Џејмс следното лето станува слободен агент, а неколку екипи веќе покажаа интерес за негов ангажман. Според некои информации можно е Леброн Џејмс да побара трејд или да ја заврши кариерата. 

Џејмс има договор со „езерџиите“ до крајот на следната сезона и ако сака може да може да продолжи уште една сезона. Како потенцијални екипи каде Леброн би ја играл сезоната пред пензија се споменуваат: Голден Стејт, Кливленд и Далас.

Минатата сезона 40-годишниот Леброн Џејмс одигра 70 натпревари со просек од 24,4 поени; 7,8 скокови и 8,2 асистенции.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан