• понеделник, 20 мај 2024

Три лица приведени, пронајдена дрога во Битола и Прилеп

Три лица приведени, пронајдена дрога во Битола и Прилеп
Скопје, 18 октомври 2022 (МИА) - На улицата „Партизанска“ во Битола, денеска полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода В.И.(47) и Г.Т.(46), двајцата од Битола, затоа што кај нив бил пронајден и одземен шприц со наркотична дрога. Приведен е и Р.С.(20) од Прилеп, утрово во 01:10 часот од ул.„Војводинска“ во Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите, информираа од МВР, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци. цр/бак/

Остани поврзан