• вторник, 23 јули 2024

Три лица затрупани во одрон на карпи по силно невреме во југоисточна Швајцарија

Три лица затрупани во одрон на карпи по силно невреме во југоисточна Швајцарија

Цермат, 22 јуни 2024 (МИА) - Три лица се затрупани во одрон на карпи по силно невреме во регионот Грисонс во југоисточна Швајцарија, а една жена е спасена изутрината во близина на селото Лостало северно од езерото Комо, соопшти денеска регионалната полиција.

Туристичкото место Цермат на Матерхорн на швајцарските Алпи е отсечено од светот поради опасност од поплави, а властите се уште трагаат по три исчезнати лица, пренесува порталот Регион.

Особено тешко погодена е долината Месолчина јужно од преминот Сан Бернардино на италијанската граница, соопштија локалните власти и потврдија дека неколку десетици луѓе се евакуирани од своите домови како мерка на претпазливост, предупредувајќи дека локалните патишта се поплавени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан