Три лавини во близина на Бигорски манастир, сообраќајот во прекин
- Во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир вечерва се паднати три лавини, информираше градоначалникотна општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

Дебар, 21 март 2021 (МИА) - Во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир вечерва се паднати три лавини, информираше градоначалникотна општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.
-Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.Екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините, изјави Куртовски.
Поради лавините сообраќајот е во прекин.
Местото каде се паднати лавините е познато по вакви појави.
Попладнево поширокиот дебарски регион, општините Дебар Центар Жупа и Маврово и ростуше беа зафатени со обилни снежни врнежи. вт/вј/
Фото: МИА