• среда, 21 август 2024

Три кинески компании класифицирани како опасни по националната безбедноста на САД

Три кинески компании класифицирани како опасни по националната безбедноста на САД
Вашингтон, 25 март 2022 (МИА) - Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) денеска ги додаде „АО Касперски лаб“ (АО Kaspersky Lab), „Чајна телеком“ (China Telecom (Americas) Corp) и „Чајна мобајл интернешнл САД“ (China Mobile International USA) на својата листа на комуникациска опрема и услуги кои се сметаат за закана за националната безбедност на САД. Во согласност со Закон од 2019 година, ФЦЦ ја ажурира и објавува листа на комуникациска опрема и услуги кои претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност или по безбедноста на поединци во САД. Минатата година ФЦЦ класифицира пет кинески компании како закана по националната безбедност на САД. ми/

Остани поврзан